Калајџиев: Јанева ги делела бонусите од ракав
Јанева ги делела од ракав бонусите во Специјалното јавно обвинителство, доверливоста не е оправдување за восоките суми од 22 илјади на годишно ниво-оценува професорот Калајџиев. За ветингот во судството вели дека нема да даде резултат, главниот вирус според него се политичарите кои го корумпираат...
Ветингот во судството може да се исполитизира и само да се изгуби време, дури и да има штетни последици, смета професорот Калајџиев. Тоа би значело маргинализирање и поткопување на нормалното функционирање на системите. Според него, ветингот нема да даде резултати, вели дека главниот вирус во судството се политичарите кои го корумпираат, смета дека е потребно да се реформираат политичките партии.
Професорот Калајџиев смета дека јанева ги делела од ракав бонусите во СЈО, изјави дека надоместот за доверливоста не е оправдување за високите суми кои на годишно ниво ги добивале обвинителите до СЈО.
Од Хелсиншкиот комитет велат дека сѐ уште не добиле барање од Бојан Јовановски за да го посетат. Пировска вели дека постојано од медиумите следат што се случува и е изненадена што не е стигнато барање од Јовановски.
Ана Јосифоска- Тодоровска
