Почнуваат Мастерс 1000-ките!
За првпат ќе се случи светскиот број еден за повторно подигнување на пехарот да треба да мине преки Мареј(5), па да налета и на Федерер(7), или Вавринка(3) до Ѓоковиќ(2)...

Како за бранител на тронот на Мастерсот во Индијан Велс првиот годинава од серијата 1000, за Надал не е баш едноставен.
За првпат ќе се случи светскиот број еден за повторно подигнување на пехарот да треба да мине преки Мареј(5), па да налета и на Федерер(7), или Вавринка(3) до Ѓоковиќ(2).
Надал и Мареј се среќаваат уште во првата четвртина, а се немаат сретнато уште од 2011-тата..
Во другиот квартал се наоѓаат сонародниците Федерер(7) и Вавринка(3).
Се чини од сите во најповолна ситуација се наоѓа вториот турнирски рекет Новак Ѓоковиќ, кој до финалето неможе да се сретне со горе споменатите. Србинот во ¼ финалето како можно соочување ќе му следи или со Дел Потро(6), или со Ѕонга(9). Сево ова би било доколку не киксне ниту едео од споменатите по носителска улога имиња, а што е право секој има барем по еден незгоден, а помалку експониран противник кој ќе треба да се мине.
Фаворитски првото коло шпанецот, како и останатите со истиот примат, не го игра, затоа во второто налетува на секогаш незгодниот Истомин или Степанек, кои ќе си одиграат еден против друг во воведната рунда.
Освојувачот на Австралискит грен слем, Ваврика(3) свјот прв настап по Мелбурн ќе го направи со Карловиќ, па потоа би одел на Сепиа, па на Андерсон или Јужни.
Мареј(5) до евентуалната пресметка со Надал(1) ќе треба да ги мине Росал, Андухар, Раониќ или Јановиќ.
Во четвртината кај Федерер (7) освојувачот на турнирот во Дубаи, се имињата Турсунов, Нишикори и Хас.
Кај делот на Бердих (4) за елиминација чекаат или ќе прават Вердаско како и Гаске.
Од понеделник Мастерс серијата 1000 за годинава ја отвораме и со преноси на МРТ.