25% од вработените ќе добијат повисоки плати преку субвенционирање на придонесите
Се очекува 25 проценти од вработените во реалниот сектор да добијат повисоки плати со мерката за субвенционирање на придонесите, велат надлежните. Обезбеди се 2,4 милијарди денари од државната каса. Образецот со кој компаниите ќе можат да аплицираат за средствата е објавен на страницата на УЈП. Организацијата на работодавачи ги повика фирмите- без страв и колебање да ја искористат шансата...
Се очекува околу 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат повисоки плати со мерката за субвенционирање на придонесите. Финансиската поддршка од државата ќе важи за покачување на платите од 600 до 6 илјади денари.
Мерката ќе придонесе за раст на економијата, повисок стандард кај вработените и поголема продуктивност, вели министерката Царовска. За субвенции се обезбеди 2,4 милијарди денари.
Компаниите ќе можат да аплицираат за средствата само со образецот за пресметка на плата, појаснуваат од Управата за јавни приходи. Организацијата на работодавачи ги повика фирмите - без страв и колебање да ја искористат шансата.
Законот за субвенционирање на плати и придонеси ќе се спроведува во следните три години.
Сунчица Николоска
