БАГДАД

40 демонстранти се убиени во последните 24 часа

29.11.2019 09:59

Насилството ескалира во Багдад и на југот од земјата откако беше запален иранскиот конзулат во светиот шиитски град Наџаф.

Најмалку 40 антивладини демонстранти се убиени во последните 24 часа од страна на ирачките безбедносни сили.

Насилството ескалира во Багдад и на југот од земјата откако беше запален иранскиот конзулат во светиот шиитски град Наџаф.

Протестите почнаа на први октомври против генералната политика на владата којашто ја обвинуваат и за корупција. Во последните два месеца загинале 350 луѓе.