Регион

Тлото во Албанија не престанува да се тресе, расте бројот на жртви

29.11.2019 10:26

Во силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26-ти ноември, загинаа 47 лица, а повредени се повеќе од 2.000 лица. Спасувачките екипи сѐ уште трагаат по исчезнати во урнатините.

Нови земјотреси го тресат тлото на Албанија. Два последователни земјотреси со јачина од 3,8 и 3,3 степени ја погодија земјата синоќа околу 21:30 часот. Епицентарот бил на 20-ина километри северозападно од Тирана. Истото подрачје во попладневните часови го погоди земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер.

Расте бројот на жртви. Во силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26-ти ноември, загинаа 47 лица, а повредени се повеќе од 2.000 лица. Спасувачките екипи сѐ уште трагаат по исчезнати во урнатините.

Помош пристигнува од сите страни. Најмногу се потребни финансиски средства, ќебиња, душеци, конзервирани прехранбени продукти. Може да се донира на три пункта, во Скопје, Тетово и Гостивар. Од Црвениот крст е отворена посебна жиро сметка за солидарност.