САД

Трамп: Талибанците сакаат договор

29.11.2019 10:58

Ненајавената посета следува по размената на затвореници со Талибанците во рамките на обидот да продолжат мировните преговори кои беа прекинати во септември.

„Талибанците сакаат договор“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред своите војници во Авганистан за Денот на благодарноста. Ненајавената посета следува по размената на затвореници со Талибанците во рамките на обидот да продолжат мировните преговори кои беа прекинати во септември.

Трамп најави значително намалување на военото присуство во регионот каде што останаа 13 илјади војници. Пред 18 години американската армија почна интервенција за соборување на Талибанците по нападите на 11 септември.