Учете ги децата да зборуваат правилно од најмала возраст
Постојат различни видови пореметувања на говорот и јазикот кај децата. Неопходно е родителите на време да ги препознаат овие пореметувања и да се обратат кај логопед, а не да чекаат детето да тргне на училиште.

До третата година од животот, детето обично ги изговара сите самогласки и околу десеттина согласки. Гласовите постепено се развиваат и до петтата година се изговараат правилно. Но, важно е родителите и сите во средината каде што се наоѓа детето да зборуваат правилно и разговетно. Забавениот развој на говорот е проблем кој најчесто се јавува до третата или четвртата година. Детето го разбира говорот на околината, но, речениците не се граматички правилни.
Недоволно развиенот говор е веќе издиференциран дури во 6-та,-7-та година. Говорот е појмовно сиромашен, речениците кратки и граматички неправилни. Говорот не се смета за изграден ако детето ги изговара сите гласови правилно. Важно е да се развие и јазичната структура. Децата со задоцнет говорен развој, ако се без оштетувања на слухот, без невропсихолошки и анатомски пречки на периферните говорни органи, значи дека имаат говорни проблеми со поголем број гласови, во вербалното памтење, неправилна употреба на граматичките облици и тешко вербално изразување.
Степенот на оштетување е различен и се движи од нултно ниво-алалија, потоа со изразени лексички и граматички тешкотии кои се дефинираат како развојна дисфазија, постои нормално изразување но со потешкотии во читањето –дислексија, а во пишувањето- дисграфија, пореметување на ритамот и темпото на говорот д,ткање или тревливење.
Последнава деценија сѐ поголем е бројот на деца кои многу доцна почнуваат да зборуваат, дури после третата година. Тие голем дел од времето го поминуваат пред телевизор, компјутер или телефон, па и кога ќе прозборат, тоа е мешавина од мајчиниот и англискиот јазик. Овој измислен јазик е последица на претерана употреба на технологијата и некомуникација со децата, што пак подоцна може да да влијае на способноста за читање и пишување, дури и во текот на сето школување. Нормалниот јазичен развој подразбира дека детето кога ќе наполни една година почнува да зборува имитирајќи ги звуците и користејќи наједноставни зборови. До 18 месеци веќе треба да постојат куси едноставни фрази. Некои деца знаат само по десетина зборови и комуникацијата со родителите се одвива на покажување со прст, наместо да се развие говор со прости реченици. Тогаш родителите забележуваат дека детето им се разликува од врсниците.Тие треба да инсистираат детето да каже што сака , а не да погодуваат и веднаш да му ја задоволат желбата или потребата, без да го натераат да се потруди да каже. Наместо да ги оставаат пред телевизор родителите треба повеќе да разговараат, да им читаат секој ден, заедно да ги разгледуваат сликовниците и да ги именуваат предметите, животните, да рецитираат и пеат песнички. Децата не може да знаат како треба, ако никој не ги научи. Овие факти може да бидат причина за пореметувања во говорот на децата. За сите проблеми кои ќе се јават родителите треба да се посоветуваат со логопед и тоа пожелно е најдоцна до третата година. Треба да се направи тестирање, целосна анализа. Со соодветни вежби и јазични стимулации многу може да се поправи, но никогаш не заборавајте дека секое дете е свет за себе и некогаш не важат општите правила.
Потребен е само правилен пристап, вежбање, упорност и трпение. Не ги навредувајте децата со погрдни зборови како тупав, глупав, со што дополнително ќе се искомплексираат, ќе се повлечат во себе. Многу славни и успешни личности поминале низ фазите кога биле етикетирани поради своите проблеми, но токму својот недостаток го сметаат за дарба која ги поттикнала на самодокажување и поголем успех.
Многу славни и успешни личности поминале низ фазите кога биле етикетирани поради своите проблеми, но токму својот недостаток го сметаат за дарба која ги поттикнала на самодокажување и поголем успех. Ајнштајн не зборувал до својата седма година. На пример познатиот готвач Џејми Оливер бил сметан за дете со посебни потреби зашто имал дислексија и до својата 38 година не прочитал ниедна книга, но затоа после постигнал светска слава и публикувал 20 книги. Славниот музичар Џон Ленон е ги урна сите табуа за дислексијата, го сметале за дете што никогаш нема да успее, но тој ги оствари своите сништа и стекна планетарна слава. Шветскиот принц Карл Филип кој има дислексија јавно се залага за тоа децата со говорно јазични и проблеми со пишувањето да не бидат отфрлени во училиштата, учителите да бидат внимателни, а на децата да им се објасни дека не се помалку вредни поради тоа. 28 годишната англиска принцеза Беатрис смета дека дислексија за неа представува чест и гордост и ја опишува како дарба и алатка која дава можност да мислиме поинаку. И британскиот министер за здравство Мет Хенкок има дислексија. Познатата глумица Селма Хаек која потекнува од Мексико успеала дури да научи и англиски. Извонредните актери Том Круз и Вупи Гулдберг е исто така се доказ дека не смее да се подлегне на етикетирање, туку со вештини може да се дојде до историски успех. Брус Вилис пелтечел во детството, како и Винстон Черчил, Мерилин Монро, Роувен Аткинсон или Мистер Бин. Токму овие и уште многу познати и непознати личности и нивните достигнувања покажуваат дека нема граници и невозможни мисии.
Соња Стојановска
