Македонски наставници на светскиот образовен натпревар на Мајкрософт

05.03.2014 12:25

Македонија на овој форум ќе ја претставуваат тројца наставници, кои беа најдобри на државниот натпревар од вкупно 186 пријавени проекти...

За да се препознаат и наградат достигнувањата на иновативните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал, од 11 до 14 март во Барселона ќе се одржи глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт. 

Едукативната олимпијада ќе се одржи по 9-ти  пат во организација на Мајкрософт. Годинава на овој светски форум  ќе бидат присутни  повеќе од  1.100 учесници од 97 земји , над 150 владини и образовни лидери, преку 300 најдобри училишни лидери, над 250 најдобри наставници.

Македонија на овој форум ќе ја претставуваат тројца наставници, кои  беа најдобри на државниот натпревар од вкупно 186 пријавени проекти.

Досега Македонските претставници  беа наградени на европските и на светските натпревари на Мајкрософт  во 2010, 2011 и во 2012 година.