Енергетската стратегија предвидува инвестиции меѓу 8 и 17,5 милијарди евра до 2040-та
Во МАНУ презентирана стратегијата за развој на енергетиката во земјава до 2040-та година. Истражувањата и анализите покажале дека ќе бидат потребни инвестиции меѓу 8 и 17,5 милијарди евра во енергетскиот сектор во наредните 20 години за да можат да бидат задоволени потребите за енергенси на индустријата и на населението...
Истражувањата и анализите на Центарот за енергетика и одржлив развој на МАНУ и на консултантите на „Прајс вотерхаус куперс“ покажале дека за реализирање на некое од трите сценарија во Стратегијата за енергетика ќе бидат потребни инвестиции меѓу 8 и 17,5 милијарди евра во енергетскиот сектор во наредните 20 години за да можат да бидат задоволени потребите за енергенси на индустријата и на населението.
Изработката на овој стратегиски документ доцни,требало да биде подготвен во 2015-та година,нарачател е Владата,а финансиски проектот е поддржан од Обединетото Кралство Велика Британија.
„Во зависност од тоа кое сценарио ќе се реализира ќе абсорбира некаде помеѓу 8 и 17,5 милијарди евра ,а можеби и повеќе. Тоа се огромни средства за инвестирање .Тој мултипликатор на овој вид инвестиции може да оди до 0,5 .ТОа значи ако инвестирате 18 милијарди евра половина од нив , 9 милијарди ќе бидат додадени на брутодомашниот производ над тоа“, изјави академик Таки Фити, претседател на МАНУ.
Задолжувањето не е прифатливо за реализирање на вакви големи инвестициски проекти во енергетиката, вели вицепремиерот Кочо Анѓушев најавувајќи користење на моделот на јавни приватни партнерства.
„Стратегијата предвидува 3 сценарија :референтно сценарио, второто е сценарио на енергетска транзиција и третото е таканаречени зелено сценарио што во најголем дел се потпира на обновливи извори на електрична енергија.Сите три сценарија се добри ,секако референтното е она што веројатно е најлесно изводливо ,меѓутоа и сите останати сценарија треба да бидат разгледани“, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Од ресорот за економија велат дека регулативата во енергетиката е целосно усогласена со ЕУ директивите и барањата на Енергетската заедница,чиј директор Јанез Копач преку видео врска со МАНУ ја поздрави презентацијата на Стратегијата за развој на енергетиката во земјава до 2040-та година. Од Владата најавуваат дека ќе продолжат инвестициите во обновливи извори на енергија ,пред се во фотоволтаици ,при што ќе се користи моделот на јавна аукција со кој се доделени локации за сончеви електрани со моќност од 19 мегавати, при што во државниот буџет биле инкасирани 2,5 милиони евра. Од МАНУ велат дека основна цел на стратегијата е да се изврши модернизација и трансформација на енергетскиот сектор за да се обезбеди зголемување на користењето на обновливите извори на енергија,зголемување на енергетската ефикасност и обезбедување заштита на животната средина.
Свето Николовски
