Граничен премин Лојане- Миратовац за полесен проток на населението
Реализацијата на проектот Граничен премин Миратовац-Лојане, не само што ќе придонесе за олеснување на транспортот, размената и севкупната комуникација, туку претставува и значајна политичка активност, во насока на реализација на политичките заложби нотирани и во Иницијативата за регионална соработка,оценија заеднички вицепремиерот Бујар Османи и државниот секретар во Српското МВР Милослав Миличковиќ.Во план е да проработи и граничкиот премин кон Косово, Станчиќ-Гњилане...
На девет илјади жители од двете страни на македонско-српската граница ќе им се олесни движењето, наместо 40 километри по заобиколни патишта, во два километри ќе поминат преку новиот граничен премин Лојане- Миратовац. До крајот на годината спогодбата мешу двете влади треба да биде потпишана, а потоа и ратификувана во двата парламенти. Како што рече вицепремиерот Османи со новиот премин ќе се олесни движењето на локалното население за секојдневните потреби од семеен и од земјоделски карактер.
Според државниот секретар во српското МВР останува да се одредат деталите, кои лица ќе бидат опфатени за слободен премин на границата.
Изградбата на новиот премин е помогната со финансиска подршка од Кралството Норвешка во износ од 2,4 милиони евра.Во план е наскоро како што посочи вицепремиерот Османи да проработи и граничниот премин кон Косово, Станчиќ-Гњилане.
Игор Панов
