Присуство на тешки метали во почвата на потегот Битола- РЕК Битола
Истражувачките резултати на двајца професори и седум средношколци од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ покажа дека оловото е над дозволеното ниво во атарот на селото Поешево, а во неколку дуги места е нешто под дозволеното...

Анализите од истражувачкиот ученички проект за присуството на тешките метали на во почвата на потегот Битола – РЕК Битола покажуваат дека оловото во над дзволените количини е застапено во атарот на пелагониското село Поешево а во околијата на неколку други ссела е нешто под дозволеното ниво. Истражувањата се одвивале етапно со земање на примроци од почвата во 19 села.
Причините можата да бидат од различно потекло вели кодинаторот на проектот.бидејки се работи за земјоделска обаботлива површина и земјоделските култури ги црпат тие концентации апелира за соодветна превентива.
Со проектот даваат и свој придонес во одбележувањето на глобалниот климатски протест.
Предизвикот за млади истражувачи беше подржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Од Фондот најавија дека во текот на идниот месец ке настапат со проекти поврзани со екологијата како проблем кој и тоа како е актуелен за битолскиот регион.
Стевче Митревски
