Земјоделство

Закуп на државно земјиште до три хектари

02.12.2019 10:29

Тече огласот за закуп на 614 хектари државно земјоделско земјиште во регионот на Свети Николе. Понудените површини се наменети исклучиво за производство на земјоделски култури. Изборот на закупувачите ќе биде по пат на бодување...

Нови 614 хектари државно земјоделско земјиште во регионот на Свети Николе одат под закуп. Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, парцелите ќе ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица. Правните лица мораат да достават бизнис план, а физичките програма за користење на парцелата.

Почетната цена на закупот за еден хектар се утврдува во зависност од местоположбата и од катастарската класа и се движи од 5 до 25 евра.

Лицата кои имаат веќе договор за закуп на вкупно земјиште поголемо од 10 хектари, немаат право да учествуваат на овој јавен повик.

Изборот ќе се врши со бодување. Најголем број бодови, односно 65, добива месното население.

Огласот ќе трае 20 дена од неговото објавување, а јавното отворање е три дена подоцна.

Методија Трајков