Помпео: САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Македонија во НАТО
Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22-ри октомври годинава. Од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија ја дели само една ратификација.

„Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија на Твитер.
Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22-ри октомври годинава. Од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија ја дели само една ратификација.
Се очекува и на Самитот на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во Лондон, во завршната декларација да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30-та членка.
