Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2020
Буџетот за следната година, според најавите на првиот парламентарец Талат Џафери, би требало да биде на пленарна седница на 16-ти декември.
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи расправата за амандамните на Предлог-буџетот за следната година. Ова е петто продолжение на седницата, која треба да заврши до крајот на неделава.
Буџетот за следната година, според најавите на првиот парламентарец Талат Џафери, би требало да биде на пленарна седница на 16-ти декември.
Буџетот за 2020-та година е проектиран на 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.
Проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП. Буџетскиот дефицит е определен на ниво од 2,3 отсто.
На текстот на Предлог- буџетот има поднесено околу 350 амандмани, од кои 314 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
