Продолжуваат со инвестициските презентации во САД
Вицепремиерот Владимир Пешевски и директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, продолжуваат со инвестициските презентации во САД...

Делегацијата во соработка со регионалната стопанска комора на Јангстаун, ги претставува инвестициските поволности кои ги нуди нашата држава пред претставници на компании кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа.
„Особено важно е што покрај бизнис форумите во секој од овие градови имаме можност да оствариме директни средби со менаџерските тимови на повеќе глобални компании во секој град за лоцирање на нивни производствени капацитети во Македонија“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Во Јангстаун, се планирани индивидуални средби со неколку глобални компании од металната индустрија, кои се интересират за условите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони во Македонија.
