Нов земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

02.12.2019 11:12

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјава- Кичево, Охрид и Битола, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во Скопје и околината, според истата скала.

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утринава во 9 часот и 26 минути ја погоди Албанија. Потресот бил почувствуван и во нашата земја. Земјотресот бил регистриран на растојание од 160 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјава- Кичево, Охрид и Битола, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во Скопје и околината, според истата скала.

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Албанија минатиот вторник, загина 51 лице, а неколку стотици беа повредени. Причинета е голема материјална штета.