Хрватска: Продолжува штрајкот на просветните работници

02.12.2019 11:24

Според претседателот на независниот синдикат на вработените во средните училишта преговорите ќе продолжат денеска...

Продолжува штрајкот во училиштата во Хрватска откако по маратонските преговори, не е постигнат договор меѓу претставниците на синдикатите за образование и хрватската влада.

Според претседателот на независниот синдикат на вработените во средните училишта преговорите ќе продолжат денеска, поради што хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го откажа учеството на Конференцијата за климатски промени на ОН во Мадрид.