Министерството за правда демантира дека Груевски е уапсен

02.12.2019 11:39

Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција, соопштуваат од Министерството...

Целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција, соопшти Министерството за правда. Оттаму нагласуваат дека веднаш по бегството на Никола Груевски - уште минатата година, Министерството испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено.

Во прилог на ова е последниот доспис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство. Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски, соопштуваат од ресорот правда.