Вашингтон
Трамп без претставник на сослушувањето за импичмент
02.12.2019 11:56
Истражители од Конгресот испитуваат дали Трамп ја злоупотребил својата моќ со условување на американската воена помош на Украина со покренување истрага за синот на поранешниот потпретседател Џозеф Бајден...

Белата куќа потврди дека претседателот Доналд Трамп нема да испрати својот претставник на расправата за отповикување.
Истражители од Конгресот испитуваат дали Трамп ја злоупотребил својата моќ со условување на американската воена помош на Украина со покренување истрага за синот на поранешниот потпретседател Џозеф Бајден, кој би можел да биде противкандидат на Трамп на претседателските избори во 2020 година, како и истраги за наводно украинско мешање на претседателските избори во САД во 2016 година.
