Македонија – Летонија, патоказ за иднината
Уште само неколку часа до натпреварот против Летонија, со кој ќе стартуваат долгорочните подготовки на фудбалската репрезентација на Македонија за претстојниот циклус квалификации, за пласман на Европското првенство во Франција 2016 година. Јавноста е одново заинтригирана за новиот почеток кој го најавуваат од ФФМ, на чело со амбициозниот селектор Бошко Ѓуровски, кој најави и сосема нов имиџ на “рисовите“.

Составот е главно познат и од претходните циклуси, базиран на проверени фудбалери од калибарот на Пачовски, Шиков, Демири, Ибраими, Тричковски ... Покрај повратниците Попов и Марио Ѓуровски, кој е во план за следните натпревари, тука се и дебитантите Ристевски и Велковски, кои треба брзо да се вклопат во мозаикот на селекторот, и пред се да ја применат во пракса неговата фудбалска филозофија. Ѓуровски најави дека ќе настојува на активна и напаѓачка игра, агресивно уште на противничката половина, која треба да придонесе за многу подобри резултати од досегашните. Пристапот против Летонија, треба да биде патоказ за во иднина, пред се во квалификациските натпревари со Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург.
Очекуваме дел од овие новини да видиме во вечерва, кога Македонија за првпат ќе се сретне со Летонија, единствената од трите балтички републики од некогашниот Советски Сојуз, со која досега нашите фудбалери не ги вкрстиле копјата.
Пријателскиот фудбалски натпревар Македонија – Летонија од Националната арена “Филип 2 Македонски“ ќе го пренесуваме на МРТ1, во рамките на отворената програма, која почнува од 18.30 часот.