Мексико

Нови судири на полицијата со нарко картел во Мексико

02.12.2019 12:26

Властите соопштија дека бројот на убиени е зголемен на 21. Безбедносните сили се уште трагаат по преостанатите членови на картелот кои претходно извршија напад во местото Вила Унион.

Безбедносните сили на Мексико убија уште седум членови на нарко картел, чии припадници претходно со конвој камиони упаднаа во градот во близина на границата со Тексас и го нападнаа градското собрание.

Властите соопштија дека бројот на убиени е зголемен на 21. Безбедносните сили се уште трагаат по преостанатите членови на картелот кои претходно извршија напад во местото Вила Унион.

Неколку работници од општината се водат за исчезнати. Вооружената група упаднала во градот со 3.000 жители, напаѓајќи ги локалните владини канцеларии поради што реагираа федералните служби.