Битола

Нов предупредувачки протест на вработените во ЗК Пелагонија

02.12.2019 12:53

Изутрината вработените на ЗК Пелагонија се собраа пред управната зграда на комбинатот на мирен предупредувачки протест. И најновиот од неколкуте во период од една година е потикнат од неисоплатените плати за последниве два месеци. Обвинуваат дека се намалува и сточниот фонд во краварските фарми. Раководството со ветување дека најдоцна до среда ќе биде исплатена октомвриската плата. Велат дека финансиските поблеми се последица на променетиот систем на субвенционирање...

Поголем дел од 500-тината вработени во ЗК Пелагонија изутрината пред управната зграда на мирен предупредувачки протест. Главна причина неиспалатените плти за сработеното во последниве два месеци. Ваквите состојби и чести протести ја зголемуваат неизвесноста за нашата иднина, а згора на тоа сведоци сме на отуѓување на сточниот фонд во краварските фарми. И покај сето ова, одговорно се однесуваме кон процесот на производство, велат од синдикалната организација.

Најдоцна до среда ќе биде исплатена октомвриската плата е одговорот, вели претседателот на управниот одбор. Сушата го преполови годинешното производство. Имаме ненаплатени побарувања за направените штети од Стрежево во висина од 60 милиони денари. Сепак, најголемиот финасиски дефицит го трпиме од промената на системот на исплата на субвенциите за последниве две години, вели Панделевски.

Според него, не држат ниту обвинувањата за недомаќинскиот однос. Токму, средствата од фармите и произведената струја од гасната централа се главните финасиски извори кој овозможуваат навремено да се санираат доверителските и банкарски побарувања. Сепак во која насока ќе се движат работите, ќе зависи од исполнувањето на ветувањето кон вработените.

Стевче Митревски