АЕК: Бројот на жалби драстично намален
Драстично се намалени поплаките од граѓаните што ги добиваат од операторите, велат од Агенцијата за електронски комуникации. Корисниците станале повнимателни, но и операторите ги отстрануваат пропустите од минатото...
Поплаки за квалитетот на мрежата, за пристапот до интернет, за високи сметки- ова се најчестите забелешки на граѓаните за услугите што го добиваат од операторите. Пред камерата на МТВ велат оти ситуацијата се подобрува, но сѐ уште се соочуваат со проблеми.
Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) велат дека бројот на жалби е драстично намален. Појаснуваат, корисниците станале повнимателни, но и операторите ги отстрануваат пропустите од минатото. Од АЕК посочуваат дека цените се релативно ниски, па конкурентската битка со води со зголемување на квалитетот на услугата.
Од АЕК со објаснување и за технологијата од петтата генерација, таканаречената 5-G технологија. Направените анализи покажале дека сме далеку под границите кои што се поставени како светски параметар за нивото на зрачење. Затоа, од АЕК бараат граѓаните да не подлегнуваат на шпекулациите кои се пласираат социјалните мрежи.
Во изминатиов период се вршат тестирања на предаватели со 5-G технологија, но реалната имплементација ќе се случи за неколку години.
Ана Јосифоска- Тодоровска
