Центата на бензините непроменета, дизелот поскапува за половина денар

02.12.2019 14:02

Еуросупер БС- 95 ќе продолжи да се продава за 68,5 денари за литар, два денара поскап е оној од 98 октани, новата цена на дизелот изнесува 61,5 денари, а на екстра лесното 50,5 денари за литар. Поскапува и мазутот.

Цената на бензините и неделава останува непроменета, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.

Еуросупер БС- 95 ќе продолжи да се продава за 68,5 денари за литар, два денара поскап е оној од 98 октани, новата цена на дизелот изнесува 61,5 денари, а на екстра лесното 50,5 денари за литар. Поскапува и мазутот.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 0,50 проценти.