Дали Ферари мами?
Неофицијално, но постојат сомнежи дека тимот на Ферари за време на претсезонските тестови во Бахреин прикажувал лажни резултати.
Целта е едноставна, да се сокријат постигнатите реални времиња по круг како и најголемите брзини и на тој начин да се сврти вниманието на медиумите и на другите тимови од себе. Во спротивно сите би се интересирале за надградбите што на Ферари му носат супериорни времиња со цел да се открие тајната на добрите перфоманси.

Начинот на кој Ферари го криел резултатите е едноставен. Долж патеката се користат стотици мерни инструменти за контрола на времето по сектори и по кругови.Неофицијално Ферари за крајно време на брзиот круг не го користел стандардниот мерен инструмент на крајот на стартно целната рамнина туку тој на излезот од свиокот 2 и на тој начин пласирал погрешни резултати.Практично за себе Ферари имал веродостојни податоци, а во јавноста пласирал полоши времиња што се добивале со забавување на болидот по излезот од правецот до свиокот 2.
Како резултат на сето тоа станало нејасно како Ферари има најдобро време по сектори, фантастична брзина на стартно-целната рамнина од 339,5 км/час, а ниту еднаш немал најдобро време на круг.