Земјоделство

Земјоделците ќе добијат поврат на персоналeн данок

02.12.2019 14:36

Околу 17.000 земјоделци ќе добијат поврат на персонален данок. Вкупната сума изнесува 80 милиони денари. Услов е да немаат приходи по други основи...

Околу 17 .000 земјоделци од идната недела ќе почнат да добиваат поврат на персонален данок, за приходот остварен во 2018-та година. Вкупната сума изнесува 80 милиони денари. Услов е земјоделците да немаат приходи по други основи.

Од Управата за јавни приходи велат дека се прават последните пресметки. Оттаму укажуваат дека приходите на физичките лица не треба да надминуваат милион денари. Доколку прагот е надминат, потребно е да регистрираат дејност.

Со најновите измени на Законот за земјоделство се предвидува мерка предфинансирање за земјоделците корисници на ИПАРД програмите. Се предвидува да се финансира влогот како заем на осум години со грејс период без камата.

 

Дијана Ценевска