Судство

Случајот „Рекет“ влегува во судница

03.12.2019 10:14

Бојан Јовановски- Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески- Кичеец на обвинителна клупа за случајот „Рекет“. Тројцата се обвинети за изнуда, примање мито и злоупотреба на службената положба. Јанева и Милески се во домашен притвор, Јовановски е во затворот во Шутка...

Почнува судењето за случајот „Рекет“. На обвинителна клупа треба да седнат Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески, кои според обвинението побарале пари од бизнисменот Камчев за да го спасат од кривичен прогон во случајот „Империја“.

Јанева и Милески се во домашен притвор. Јовановски, по неколку дена поминати во болница е вратен во затворот во Шутка.

Деновиве Апелација треба да одлучува, дали и за него ќе има поблага мерка.