Поледелство

Сеидба на жита и во декември

03.12.2019 10:18

Поради промената на климатските услови, и мадеконските земјоделци се приморани да го менуваат начинот на производството. Пелагониските поледелци и оваа година наместо во оптималните рокови во октомври, житата ги сеат и во декември...

Пелагониските земјоделци и оваа година се решија да ги сеат житата и во декември. Како што велат од советодавната агенција, неповолните временски услови ги забавија активностите, но деновиве, сепак, овозможија нивно интензивирање.

Земјоделците почнуваат да се навикнуваат на климатските промени, засејуваат во ноември, но и во декември, што не е проблем за квалитетот на родот. Дождот иако во мали количества сепак позитивно влијае врз почвата.

Климатските промени ги принудуваат фармерите да ги менуваат навиките  и доколку сакаат поголеми приноси ќе мора да одгледуваат земјоделски култури кои подобро успеваат на изменетите временски услови.

Високите температури во овој дел од годината ги активираа и штетниците, особено забрусот кој ги напаѓа поникнатите жита и кој може да направи штета на посевити и да го преполови родот.

Експертите препорачуваат да се преземат соодветни заштитни мерки.

 

Методија Трајков