РУСИЈА

Путин го потпиша Законот за странски агенти

03.12.2019 10:20

Мерката, која речиси едногласно беше одобрена од Думата, го проширува постојниот закон кој ги вклучва медиумите што се финансираат со приход од странски извори.

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша предлог- законот со кој на Владата и се дозволува да ги означи како „странски агенти“ блогерите, новинарите и корисниците на социјалните мрежи.

Мерката, која речиси едногласно беше одобрена од Думата, го проширува постојниот закон кој ги вклучва медиумите што се финансираат со приход од странски извори.

Тој  беше усвоен во 2007 година како одговор на одлуката на Министерството за правда на САД да ја означи руската државна телевизија како странски агент.

Невладините организации за заштита на човековите права го осудија потегот на Путин бидејќи за нив тоа е дополнителна опасност од цензура.