Македонските средношколци на 67 место на меѓународното тестирање ПИСА
Македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Тестирањето е спроведено во 79 земји или економии.

Македонија е рангирана на 67 место од минатогодишното меѓународно тестирање ПИСА на средношколци на возраст од 15 години. Резултатите денеска ги објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Според нив, македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Тестирањето е спроведено во 79 земји или економии.
На прво место на листата на ОЕЦД е рангирана Кина, второто е за Сингапур, на трето и четврто се Макао (Кина) и Хонг Конг (Кина). Од европските земји најдобра е Естонија, која е на петто место, а државите во регионот сите освен Косово (75 место) се рангирани пред нашата земја – Словенија (21), Хрватска (29), Србија (45), Црна Гора (52) и Босна и Херцеговина (62).
