Возрасни, размислете пред да станете родители...
Колкумина од родителите знаат дека зборовите „те сакам“, „прекрасно си“,„ можеш ти “, Ништо не е страшно“, „паметно мое“, „дали сакаш да ти помогнам“, „ Јас ќе ти покажам, а ти одлучи дали ќе го направиш тоа“,.... дека овие зборови развиваат, даваат поттик, безбедност, сила за борба со стравот и градат сигурна и интелигентна личност.

Децата се стаклена чаша за недостатоците на родителите. Колку само вистина има во оваа реченица. Вистина на којашто родителите не обрнуваат внимание, дури и воопшто не размислуваат за тоа...
...На пример, дека кавгите меѓу нив се причина за затворање и за назадување на детето, Недостиготод разговор меѓу родителите и нивното отсуство влијаат детето да стане апатично,
...дека недостигот од грижа за детето, го принудува детето бргу да го напушти родното огниште и да го бара својот дом на друго место,
...дека недостигот од разговор за битни работи во животот, т.е. неможноста да се сподели искуството на родителите, го прави детето неинформирано и тоа многу лесно прави грешки,
...дека недостигот од поддршка во детските години, влијае на несигурноста во возрасните години,
...дека т.н. „воспитна мерка“се спроведува под изговор дека детето е немирно или дека родителите не се расположени, ( или физичкото малтретирање меѓу родителите) се памети за цел живот – останува како постојана лузна...
...дека контролата врз детето го прави свесно и совесно,
...дека во педантноста при диплењето на алиштенцата, или, пак , совршеноста во постигнатиот успех на училиште со секогаш одлични оценки, го прави детето незадоволно со себеси,
... дека презадоволените деца во континуитет со уживање, детето го растат во човек кој ги вреднува работите со материјалните придобивки,
Колкумина од родителите знаат дека зборовите „те сакам“, „прекрасно си“,„ можеш ти “, Ништо не е страшно“, „паметно мое“, „дали сакаш да ти помогнам“, „ Јас ќе ти покажам, а ти одлучи дали ќе го направиш тоа“,.... дека овие зборови развиваат, даваат поттик, безбедност, сила за борба со стравот и градат сигурна и интелигентна личност.
Возрасни, размислете пред да станете родители....
Размислете и вие што веќе сте родители.
Радмила Гиевска
