Докторите од САД оживеале срце од починат донатор
Мртвото срце е вратено во живот благодарение на тимот лекари на Универзитетот Дјук во САД. Ова е прва ваква процедура во САД.

Срцето што дошло од починатиот донор на органи, повторно е вратено во живот со пионерската техника со убризгување крв и кислород во срцето за да се „рестартира“. Потоа срцето е пресадено во живиот пациент. Овој пионерски потфат им дава надеж на илјадници пациенти во САД кои чекаат трансплантација.
Но и овде времето е ограничувачки фактор, затоа што не смее да се чека премногу. Врвните експерти од Универзитетото Дјук оваа операција ја нарекле „донирање по смртта“. Доктор Џејкоб Неил Шродер, директор на програмата за трансплантација , на твитер поделил видео запис за оживеаното срце. Во Велика Британија оваа процедура се практикува веќе од 2009 година.
