Филипини
Евакуација поради тајфунот „Камури“
03.12.2019 15:04
„Камури“ е 20-тиот тајфун годинава на Филипините.

200.000 луѓе се евакуирани поради тајфунот „Камури“, проследен со обилни дождови и силен ветер. Во прекин е воздушниот сообраќај, а училиштата и владините канцеларии се затворени поради опасност од поплави и свлечишта.
„Камури“ е 20-тиот тајфун годинава на Филипините. Засега нема информации за евентуално настрадани лица и причинета материјална штета.
