Самит на НАТО во Лондон: Македонија со рамноправен третман како сите земји- членки
Лидерски самит на НАТО во Лондон. Нашето знаме се вее со сите други 29 земји- членки на Алијансата. Ова е ситориски момент, за прв пат Северна Македонија седи на своето место како земја- членка, изјави премиерот Заев...
Лидерски самит на НАТО во Лондон. Македонија со рамноправен третман како сите земји членки на Алијансата. Ние ќе седиме на главните состаноци со сите лидери, јас имам свое обраќање како што ќе имаат сите други лидери, ова е историски момент, очекувам дека нашиот народ во Република Македонија ќе биде среќен за овој историски момент, ја постигнуваме една од двете најголеми стратешки определби на нашата земја, која значи траен мир, слобода, демократија, но значи и безбедност, сигурност и веднаш потоа инвестиции и повисоки плати и повеќе надеж за младите да останат во државата, изјави премиерот Зоран Заев.
Пристапниот протокол е сега потпишан од сите земји членки освен Шпанија, од технички причини поради предвремените избори во оваа земја. Се очекува Шпанија да го ратификува пристапниот протокол во наредните два месеца, но знамето на Македонија веќе се вее заедно со сите други 29 земји членки на Алијансата.
НАТО на денешниот самит во Лондон одбележува седумдесет години од своето постоење. Иако овој самит требаше да биде главно церемонијален, тензиите помеѓу САД, Франција и Турција, околу односот кон Русија, буџетскиот придонес кон Алијансата, прашањето на курдските воени групи во Ирак и Сирија, и борбата против тероризмот несомнено ќе доминираат во денешните расправи.
