Одбор за разузнавање: Трамп ставил лични интереси над националните
Одборот за разузнавање тврди дека тој го уценувал својот украински колега Володимир Зеленски со американска воена помош и со посета на Белата куќа за да почне истрага против Хантер Бајден...

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, побарал странско мешање за да зголеми шансите за реизбор следната година, ја поткопал националната безбедност и наредил кампања за опструирање на Конгресот без преседан“, се наведува во извештајот на демократите кои во септември почнаа формална истрага за отповикување на Трамп.
Одборот за разузнавање тврди дека тој го уценувал својот украински колега Володимир Зеленски со американска воена помош и со посета на Белата куќа за да почне истрага против Хантер Бајден, синот на можниот противник на Трамп на претседателските избори следната година, поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Трамп, кој престојува во Лондон на самитот на НАТО, ги негира обвинувањата и ги обвини демократите дека го користеле процесот за отповикување за да ги поништат резултатите од последните претседателски избори.
