Министерката Дескоска упати писмо до претседателите на судовите

04.12.2019 10:29

Во писмото таа укажува на законските измени и на основите за нестручно и несовесно вршење на судиската функција...

Министерката за правда Дескоска со писмо до претседателите на судовите и до првиот човек на Судскиот совет. Во него, таа укажува на законските измени и на основите за нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Како такви се посочени случаите кога судијата без оправдани причини не закажува рочишта и ја одолговлекува постапката, кога судијата не го зема предметот во работа поради што настанува застареност или кога претседателот на судот не го известува Судскиот совет за сторена потешка дисциплинска повреда на Законот, доколку тоа му било познато, а не го пријавил.

Во писмото, министерката Дескоска потсетува и дека претседателите на судовите имаат надлежност да вршат редовен увид во нивната работа.