Законодавно-правната комисија ќе расправа за автентичното толкување
Владата вчера даде зелено светло и го испрати до Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, по што собранискиот спикер Талат Џафери го доставил до претседателката на Законодавно правната комисија, Соња Мираковска.

Собранието на Република Македонија за денеска во 14 часот е закажана седницата на Законодавно-правната комисија на која треба да се расправа по Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.
Владата вчера даде зелено светло и го испрати до Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, по што собранискиот спикер Талат Џафери го доставил до претседателката на Законодавно правната комисија, Соња Мираковска.
Целта на автентичното толкување, според подносителите, е да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, односно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Ѓорге Иванов, а во контекст на можната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.
