Американски земји воведоа забрана за влез на Венецуелци
На состанокот во Богота присуствуваа и претставници од Аргентина, Бразил, САД, Колумбија, Чиле и Перу коишто се потписници на Меѓуамериканскиот договор за заедничка помош кој ветува заемна одбрана на членките на Организацијата на американски држави.
15 американски земји воведоа забрана за патување во рамките на нивните граници на 29 Венецуелци, вклучувајќи го и претседателот Николас Мадуро и негови сојузници, како дел од дипломатските напори да го принудат да поднесе оставка.
На состанокот во Богота присуствуваа и претставници од Аргентина, Бразил, САД, Колумбија, Чиле и Перу коишто се потписници на Меѓуамериканскиот договор за заедничка помош кој ветува заемна одбрана на членките на Организацијата на американски држави.
Групата во септември прифати идентификација, санкционирање и испорачување на водечките членови на венецуелската влада кои се поврзани со перење пари, трговија со дрога и тероризам.
