Копенхаген
Данска сака засилен надзор над Арктичкото Море поради Русија
04.12.2019 12:05
Премиерката Мете Фредериксен тврди дека е забележано зголемено руското присуство поради што е неопходно да се засили надзорот и капацитетот на морнарицата.

Данската влада сака да ја зголеми воената контрола врз Арктичко Море и воздушниот простор како одговор на зголемената руска активност во регионот.
Премиерката Мете Фредериксен тврди дека е забележано зголемено руското присуство поради што е неопходно да се засили надзорот и капацитетот на морнарицата.
Реализацијата на планот би изнесувала 200 милиони евра од постојниот буџетот за војската.
