УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Убавините на различностите - различни сме но сепак исти

04.12.2019 09:56

Одбележан 3-ти Декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост...

Секоја држава се залага и работи на создавањето на еднакво општество за сите. Нашава држава на 30 март 2007-мата година ја потпиша, а на 5 декември 2011-тата година ја ратификува Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Конвенцијата претставува прв меѓународно правен и обврзувачки инструмент преку којшто се утврдуваат минимум стандарди за правата на лицата со попреченост.

За обезбедување инклузивност и еднаквост на лицата со попреченост  треба да се работи тимски, сите да се обединат и на било кој начин да им се помогне за достојно и квалитетно да уживаат во животот.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одбележа во многу училишта. Учениците истакнаа дека  секој ден треба да ја подигаме јавната свест тие да бидат вклучени што повеќе во секој сегмент од општествениот живот. Во училиштето Рајко Жинзифов се прочита пригоден реферат за Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Потоа во рамките на училишниот проект „Убавините  на  различностите“ се промовираа креативните изработки и збирката од лични творби „Убавините на различностите - различни сме но сепак исти“ од учениците од VI до IX одделение.

Училишниот дефектолог Адријана Кукоска имаше работилници во III, IV и V одделение за надминување на предрасудите и за поголемо прифаќање на атипичните лица, со кои изработи елки со пораки .

Секој присутен доби подарок збирка и креативна изработка.

Нека е честит меѓународниот  ден и секој ден нека е вака особен!

Радмила Гиевска