Интер објави, Видиќ и официјално во сино – црниот дрес
Иако уште пред околу еден беше јасно дека нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и ги мина лекарските прегледи во Интер, клубот од „Џузепе Меаца“ дури денеска и официјално објави дека Немања Видиќ од наредната сезона ќе биде негов нов играч.
По осум сезони минати на Олд Трафорд, српскиот интернационалец Видиќ реши дека му е потребен нов предизвик. Иако нема конкретни детали околу договорот со Интер, 32 – годишниот Видиќ најверојатно ќе се обрзе на двегодишна верност и тоа за меѓу 2,5 и 3 милиони евра по сезона.

Видиќ во Манчестер јунајтед дојде од Спартак Москва во 2006, досега одигра 204 натпревари и постигна 15 голови, а по пензионирањето на Гери Невил во 2011-та стана и капитен на „црвените ѓаволи“. Сезонава дваесеткратниот шампион на Англија е само во конкуренција за евентуално освојување на трофејот во Лигата на шампионите, па многу веројатно Видиќ ќе си замине со пет трофеи првак во Премиер лигата, три во Лига и пет во Супер купот, како и еден во елитното европско натпреварување во 2008-ма, но интересно никогаш не го освои пехарот во ФА купот.
„Видиќ е светска класа и среќни сме што го договоривме неговиот трансфер. Ќе ни помогне нам и на младите играчи со своето искуство и харизма и ќе биде еден од главните столбови на новиот Интер“, изјави престедателот на „неро - аѕурите“ Ерик Тохир.