Отворен нов дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години
Градоначалникот на Скопје упати апел до сите општини во градот да го следат примерот на Општина Центар и на Црвениот крст и колку што можат поактивно да работат на полето на социјалната заштита...

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од Црвениот крст на Град Скопје денеска отворија Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години.
„Отворањето на Центарот за возрасни лица со попреченост го гледам како голем чекор напред во оваа сфера на дејствување. Активното учество на локалната заедница во обезбедувањето поквалитетен живот за сите наши сограѓани е клучно за развој на целата заедница“, изјави градоначалникот Шилегов.
Тој упати апел до сите општини во градот да го следат примерот на Општина Центар и на Црвениот крст и колку што можат поактивно да работат на полето на социјалната заштита, за Скопје да стане поудобно место за живеење за сите, без исклучоци.
