ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за предвремено ратификување на Протоколот за НАТО
ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за предвремено ратификување на Протоколот за НАТО во Собранието. Од партијата побараа Владата да го достави предлог- законот за како што велат, да нема алиби за евентуално одложување на изборите. Од СДСМ иницијативата ја оценија како лицемерна. Собранискиот спикер најави дека барањето ќе го препрати до Владата...

ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери со иницијатива до Владата во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на пристапниот протокол за НАТО. Целта е, рече координаторот на пратеничката група Мицевски, да се изгласа пред да се самораспушти Собранието на 11 февруари и да не се одложат изборите на 12 април.
Од алијансата за Албанците бараат ратификацијата на протоколот да биде ставена на седницата на 11 декември. Од СДСМ, иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ ја оценија како лицемерна. Неодговорно е партија која 11 години не држеше во изолација, сега да тврдат дека единствено тие се за НАТО и ЕУ, изјави Калеска-Ванчева.
Иницијативата на опозициската партија, собранискиот спикер ќе ја препрати до Владата, бидејќи како што појаснува Џафери, таа предлага закони за ратификација на меѓународни договори.
Македонија за да биде и официјално 30-та членка на НАТО, треба да се ратификува протоколот уште во шпанскиот парламент, а потоа документот да се верификува и во нашето Собрание, по што се депонира во Вашингтон.
Милчо Велески
