Шпанскиот премиер најавува мошне скора ратификација на Протоколот
Шефовите на држави и влади на членките на НАТО, на лидерски состанок во Лондон. Првпат на маса со нив и македонскиот премиер Зоран Заев. Земјава наскоро станува составен дел од Алијансата, што е наведено и во завршната декларација. Се чека уште на ратификација од Шпанија. Заев добил уверувување од шпанскиот мандатар, Санчез, дека во јануари парламентот ќе го ратификува протоколот за членство...

Шпанскиот премиер Пендро Санчез му дал ветување на премиерот Зоран Заев дека неговата земја мошне скоро ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
Заев вчера на маргините на Самитот на НАТО во Лондон добил лично уверување од од Санчез дека Шпанија многу скоро, во јануари ќе ја депонира ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја за членство во НАТО во Вашингтон.
Ратификацијата на Протоколот останува да биде завршена уште во оваа земја, каде на почетокот на минатиот месец се одржаа избори, но таму треба да се формира новата Влада.
Делегација на Македонија, предводена од премиерот Заев вчера и завчера учествуваше на Самитот на НАТО во Лондон каде беше поздравена од генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, но и од лидерите на земјите- членки како 30 членка на НАТО.
