„Њујорк тајмс“ го стави „Медена земја“ на листата со најдобрите филмови за 2019 година
Зачнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од установен еп, алегорија за животната средина од вистинскиот живот и, не помалку, боцкава комедија за вечниот проблем со непогодени соседи - пишува А.О. Скот.

Документарецот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се најде меѓу најдобрите филмови на годината според весникот „Њујорк тајмс“.
Зачнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од установен еп, алегорија за животната средина од вистинскиот живот и, не помалку, боцкава комедија за вечниот проблем со непогодени соседи - пишува А.О. Скот.
На неговата листа со најдобри филмови на годината се најдоа и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и „Паразит“ на Бонг Јон-хо.
Освен тоа, „Медена земја“ ја освои и наградата за најдобар документарец според американската организација „Њујоршки круг на филмски критичари“
