САД

Перл Харбор: Морнар повреди три лица, па изврши самоубиство

05.12.2019 10:33

Вооружениот инцидент се случи на военото бродоградилиште во Перл Харбор. Мотивот не е утврден, а се проверува и идентитетот на морнарот кој пукаше цивилите.

Припадник на американската морнарица рани тројца цивили на Хаваи, вработени во Секретаријатот за одбрана, по што изврши самоубиство. Вооружениот инцидент се случи на военото бродоградилиште во Перл Харбор. Мотивот не е утврден, а се проверува и идентитетот на морнарот кој пукаше цивилите.

„Се подготвувавме да ја прославиме 78-та годишнина од Перл Харбор. Значењето на бродоградилиштето во Втората светска војна е легендарно и тоа е познато по квалитетната работа тогаш и денес. Ова е трагедија за сите овде“, изјави адмирал Роберт Чедвик, Морнарица на САД.

Заедничката база Перл Харбор – Хикам, е еден од најголемите објекти на американската морнарица.