Димитров на 26-от Министерски совет на ОБСЕ во Братислава

05.12.2019 09:47

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе разменат мислења за работата и активностите во изминатиот едногодишен период, во рамките на словачкото претседавање со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре, ќе учествува на 26-от Министерски совет на ОБСЕ, што се одржува во Братислава, Словачка.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе разменат мислења за работата и активностите во изминатиот едногодишен период, во рамките на словачкото претседавање со ОБСЕ.

Се очекува да се усвојат и поголем број одлуки и декларации. Министерот Димитров ќе се обрати на министерскиот совет и ќе ги претстави ставовите на Република Северна Македонија за актуелните прашања на агендата на ОБСЕ.