Со гасификација Клинички штеди 140.000 евра месечно
Oваа заштеда е реалоцирана и е овозможено отпочнување на гасификација на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, на ПЕТ Центарот во нејзина близина, како и на Поликлиниката Букурешт...

Како резултат на затоплување на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“- Скопје, со гас, наместо со мазут, месечната заштеда на средства изнесува околу 140.000 евра, соопшти денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Тој најави дека оваа заштеда е реалоцирана и е овозможено отпочнување на гасификација на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, на ПЕТ Центарот во нејзина близина, како и на Поликлиниката Букурешт.
Тодоров нагласи дека почнат е проектот за изградба на систем за гасификација, односно обезбедување приклучок за гас, чија вредност изнесува девет милиони денари или 146.000 евра за Градската општа болница „8 Септември“, Поликлиниката Букурешт, новиот објект за ПЕТ-Центар, кои ќе имаат можност да се поврзат на тој систем и оти се очекува во јуни да почне употребата на гас.
