СДСМ: Република Северна Македонија - 30 земја членка на НАТО

05.12.2019 11:32

Се остварува една од најважните стратешки цели на нашата држава и заложбите на минатите и сегашните генерации, се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да стане членка на НАТО, велат од владејачката партија...

Република Северна Македонија станува  30 земја членка на Алијансата, потврда за тоа е и  Самитот на НАТО во Лондон каде нашата држава доби уште еднаш силна поддршка од сите земји членки на НАТО сојузот, велат од Социјалдемократскиот сојуз.

Се остварува една од најважните стратешки цели на нашата држава и заложбите на минатите и сегашните генерации, се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да стане членка на НАТО. Еднакви со најмоќните, рамо до рамо со светските сили, рамноправни со најсилните економии во светот.

Како дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот и држава во која граѓаните имаат сигурна иднина.