ВМРО-ДПМНЕ: Заев три дена молчи во врска со предлогот на Мицкоски
05.12.2019 11:36
Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, затоа што е амнестиран криминалец за криминал од 8 милиони евра- велат од опозициската партија...

Зоран Заев три дена молчи во врска со предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лица кои биле амнестирани да не се занимаваат со политика, како и лица кои се во политиката да не можат да бидат амнестирани, велат од опозициската партија.
Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, затоа што е амнестиран криминалец за криминал од 8 милиони евра. Зоран Заев се противи и на предлогот за испитување на потеклото на имот за политичарите, затоа што за милионите на Заеви нема оправдување, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
